Репрезентативецот на Грција и фудбалер на Панатинаикос, Џорџ Балдок починал како последица од давење, потврдиле денеска извори од полицијата за тамошните медиуми.
Причината за смртта била давењето во базенот во вилата каде што престојувал. Телото го пронашол сопственикот на објектот во населбата Глифада во Атина.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Исто така врз неговото тело немало траги на насилство или нешто слично што би укажувало на некакво кривично дело.
До него е пронајдено и шише вотка, меѓутоа засега не е потврдено дали тој бил во алкохолизирана состојба.