Милан е силно заинтересиран за ѕвездата на Клуб Бриж и белгиски репрезентативец, Чарлс Де Кетелар.
21-годишниот Де Кетелар важи за еден од најголемите европски таленти, оваа сезона блесна во дресот на Клуб Бриж.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Белгиецот постигна 18 гола и 10 асистенции и го привлече вниманието на многу европски гиганти, а веќе го добие епитетот „новиот Де Брујн“.
Милан сака да ја победи конкуренцијата и веќе започнал преговори со Бриж, кој за неговата слобода бара 40 милиони евра.
„Росонерите“ првично понудиле 30 милиони евра, па сакаат преку преговори да ја намалат разликата и да го комплетираат трансферот.
📰 Today's edition of @Gazzetta_it…
— SempreMilan 🏆 (@SempreMilanCom) June 8, 2022
🗣 "De Ketelaere. #ACMilan, the Belgian wild card is first name on the list. Negotiation between Brugge and the Rossoneri… his value is €40m."
🤔 The right target? pic.twitter.com/ER9QmFirGD