Дома Трансфер зона Позната понудата која Јувентус ја спремил за еден од најбараните во Италија?

Позната понудата која Јувентус ја спремил за еден од најбараните во Италија?

Аталанта е хит во италијанската Серија А и Лигата на шампиони сезонава. Тимот од Бергамо е во топ-4 во првенството, а обезбеди пласман и во четвртфиналето на елитното натпреварување.

Неколку одлични фудбалери на Аталанта веќе се желба на гигантите, а еден од нив е Дуван Запата, кој има 29 години и Јувентус сака да го ангажира, па веќе подготвки понуда од 30 милиони евра плус голманот Матија Перин.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


„Старата дама“ се поврзува со многу напаѓачи, а на листата се уште и Аркадиуш Милик од Наполи, Един Џеко од Рома и Александре Лаказет од Арсенал.

Спортскиот директор на Јувентус, Фабио Паратичи веќе почнал преговори за трансферот на Запата, кој постигна 18 голови сезонава, па останува да видиме дали ќе го ангажираат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Деле Али потпишува за нов клуб: Ќе игра во Италија?

Поранешниот репрезентативец на Англија Деле Али во овој момент е без клуб иако сезоната за…