Дома Топ вести Позната најголемата трансфер желба на Милан

Позната најголемата трансфер желба на Милан

Милан ова лето беше еден од најактивните клубови на трансфер пазарот и донесе 10 нови фудбалери.

Во последниот ден од преодниот рок пристигна Лука Јовиќ, кој треба да биде алтернатива за Жиру, но Србинот ќе остане во Милано само една сезона.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Главна цел на „росонерите“ за следната сезона е доведување на врвот напаѓач, а прв избор е Џонатан Дејвид од Лил.

Клубот веќе работи на трансферот на напаѓачот кој веќе неколку сезони блеска во Лига 1. Ова лето неговата цена беше 60 милиони евра, сума која Милан не сакаше да ја плати.

Меѓутоа, Дејвид на лето вчегува во последната година од договорот и Милан верува дека ќе го комплетира трансферот за 40 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…