Играчот за врска на Борусија Мехенгладбах, Флориан Нојхаус е најголема желба на новиот тренер на Баерн Минхен, Јулијан Нагелсман.
Баерн официјално соопшти дека Нагелсман ќе биде нивни тренер од следната сезона и ќе потпише договор на пет години.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Младиот стратег сака да направи реконструкција во средниот ред, а прва желба е Нојхаус.
23-годишниот играч за врска блеска оваа сезона во дресот на Мехенгладбах, а во договорот има откупна клаузула од 40 милиони евра.
Баварците се спремни да ја платат откупната клаузула, а трансферот ќе го финансираат со продажбата на Корентин Толисо.