Примарна цел на Манчестер Сити во летниот преоден рок ќе биде засилување на средниот ред, а најголема желба е ѕвездата на Њукасл, Бруно Гимараеш.
Голем интерес за неговите услуги покажуваат неколку европски гиганти, а најсериозен е интересот на Манчестер Сити.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Гимараеш неодамна го продолжи договорот со „чавките“, но во него има откупна клаузула, а Сити веќе стапил во контакт со неговиот агент.
Со оглед на слабата сезона на Њукасл, кој најверојатно ќе остане без играње во Лигата на шампиони, 27-годишниот Бразилец сака да ја промени средината.
Њукасл за неговата слобода бара најмалку 85 милиони фунти, сума која Сити е спремен да ја плати.
🚨 Pep Guardiola is said to be ‘obsessed’ with midfielder Bruno Guimarães. 😍
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) March 28, 2024
Newcastle want £85m for him! 🇧🇷
(Source: Fichajes) pic.twitter.com/Owl6ox1E8v