Контроверзниот сопственик на романскиот великан ФЦСБ Џиџи Бекали има нов талент во својот клуб.
Талентираниот крилен играч Октавијан Попеску (18) го привлече вниманието со игрите оваа сезона во која запиша пет асистенции во романското првенство.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Некои европски клубови веќе покажаа интерес за Попеску, а Бекали тврди дека 18-годишниот играч е подобар од Килијан Мбапе и Нејмар заедно.
„Подобар е од Мбапе и Нејмар заедно. Еден ден ќе вреди 500 милиои евра.“ – рече Бекали.
Бекали во минатото имаше бројни слични изјави за млади играчи во својот тим, но за сега ниту еден не блесна на големата сцена.