Дома Македонски спорт Подмладениот тим на Вардар декласиран од Нексе

Подмладениот тим на Вардар декласиран од Нексе

Еурофарм со 33:21 славеше на гостувањето кај Спартак Москва, Вардар со вториот тим настапи кај Нексе и доживеа тежок пораз од 42:26. 

Четирите победи и шесте порази го рангираат битолскиот тим на 4 место на табелата во Б групата.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Така Еурофарм Работник за противник за осминафиналето ќе го има хрватскиот тим Нексе кој го освои 5-то место во А групата, а кој пак попладнево во Нашице го победи подмладениот тим на Вардар.

Откако во минатото коло го завери првото место во групата, Вардар на гостувањето кај Нексе настапи со ракометари од вториот тим.

Поточно од првиот тим во составот беа Кукуловски, Димитриоски, Карапалевски, Ќосевски и голманот Кизиќ, додека останатиот дел беа ракометари кои настапуваат за Вардар Јуниор. 

Ваквиот тим на Вардар не можеше да се носи со Нексе и доживеа висок пораз од 42:26. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Вардар го совлада Охрид за „три од три“ во плејофот на Суперлигата

Ракометарите на Вардар забележаа значајна победа против тимот на Охрид во рамките на плејо…