Дома Фудбал Италија Подадена рака за помош на Лукаку: На повидок трансфер кој никој не го очекуваше

Подадена рака за помош на Лукаку: На повидок трансфер кој никој не го очекуваше

Ромелу Лукаку, 30-годишниот белгиски репрезентативец, моментално тренира со У21 тимот на Челзи бидејќи доби отказ од првиот тим, и сега со нетрпение чека нов трансфер.

Изгледаше дека нема спас за него, но сега работите се менуваат.

Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


Лукаку е отпишан од Маурисио Покетино и не ни разговарал со него откако пристигна на Стемфорд Бриџ.

Лукаку се врати од позајмицата во Интер, со кого претходно ја освои титулата, но збогувањето не беше најдобро.

Белгиецот почна да преговара со Јувентус, изневерувајќи го во Интер. Тој упорно сакаше да премине во редовите на Старата дама, која се обидуваше да го купи од Челзи, но до трансфер не дојде. Имаше обид и за размена на Лукаку – Влаховиќ со доплати на сините, но и тоа пропадна.

Лукаку беше оставен на самиот себе, свесен дека нема каде да оди, и дека не е планиран за оваа сезона во Челзи, додека претходно без никакво размислување ги одби понудите од Саудиска Арабија.

Сепак, среќата можеби сега му се насмевна. Може да замине, но не во Интер или Јувентус, туку во – Рома!

Според Goal.com, Жозе Мурињо сака да го доведе Лукаку до крајот на летниот преоден рок. Трансферот не е лесно остварлив, но клубот од италијанската престолнина е подготвен да седне на преговарачка маса со Челзи.

Рома е принудена да бара нов напаѓач откако се повреди Тами Абрахам (25). Опција за Специјалниот е и Дуван Запата (32), но цитираниот извор наведува дека Лукаку е цел број еден во моментов.

Лукаку на 97 натпревари во Серија А постигна 57 гола и 18 асистенции, а неговата моментална вредност на пазарот се проценува на 40 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Серија А 2025/26 – Кој ќе ја освои титулата?

Како што се приближува почетокот на Серија А 2025/26, љубителите на фудбалот очекуваат ушт…