Премиерното издание на Лига на нации го освои Португалија. Актуелниот европски првак во финалето со 1:0 ја совладата репрезентацијата на Холандија.
Стрелец на единствениот гол беше Гуедес на асистенција на Бернардо Силва, кој после натпреварот беше прогласен за најдобар играч на турнирот.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Кристијано Роналдо исто така одигра добар натпревар, а според снимките јасно се гледа дека очекуваше тој да биде избран за најдобар.
Сепак, конечната одлука не беше онаа на која се надеваше Роналдо и за најдобар играч беше прогласен офанзивецот на Манчестер Сити.
Роналдо и Силва стоеја еден до еден, а кога спикерот рече дека најдобар играч е играчот со број 10, изразот на лицето на Роналдо тотално се промени и воопшто не сакаше да му ја честита наградата.
Утеха за Роналдо останува што освои уште еден трофеј со Португалија.
Погледнете како сето тоа изгледаше…