Дома Фудбал Останато Погледнете како изгледа слободен удар со три живи ѕида (ВИДЕО)

Погледнете како изгледа слободен удар со три живи ѕида (ВИДЕО)

Фудбалот никогаш не престанува да изненадува, а сега изненадување видовме во натпреварот на женските селекции на Италија и Малта.

Валентина Чернола го погоди аголот од голот на Малта од слободен удар. Меѓутоа она што беше интересно при овој слободен удар е што беа поставени дури три живи ѕида.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Пред голманката на Малта стоеа три Италијанки, потоа четири репрезентативки на Малта кои го сочинуваа вообичаениот жив ѕид и уште четири Италијанки кои беа најблиску до топката.

Во моментот кога Чернола зема залет Италијанките се растрчаа во намера да ги збунат своите противнички.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Шеф на Лион за Ендрик: Колку повеќе игра, толку помалку плаќаме на Реал Мадрид

Техничкиот директор на Лион Матијо Лиу-Жан се пофали со поволната структура на заемот, со …