Дома Топ вести Погба со новите постапки повторно го налути Мурињо

Погба со новите постапки повторно го налути Мурињо

Французинот повторно му прави проблеми на Жозе Мурињо…

Некои играчи на Манчестер Јунајтед порано се вратија со цел да бидат спремни за стартот на сезоната, а Мурињо се обидел да го убеди Погба да го направи истото. Тој апелираше да го скратат одморот со цел да се воиграат за новаат сезона, но играчот за врска не одговорил на повикот.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Место на тренинзите Погба е дел од луди забави во Калифорнија, а тоа дополнително го разбесни Мурињо. Французинот во понеделник ќе се врати во Англија и јасно е дека нема да биде спремен за стартот на сезоната.

Покрај тоа клубот го притискаше да го промени менаџерот како што тоа го направи Лукаку, но на Французинот не му паѓа на памет да се откаже од Раиола. Контроверзниот менаџер и

Мурињо наводно имале непријатен разговор кога Португалецот го предупредил Погба, Раиола да не ги нуди неговите услуги на останатите клубови, прво се споменуваше Барселона, а потоа и Јувентус.

Комбинацијата со Барселона отпадна, не е тајна дека Погба е желба на Јувентус, но таков трансфер е тежок за реализација. Мурињо нема да го пушти, но прашање е што доколку Погба продолжи со старите навики, Погба од Мундијалот и оној од Премиер лигата се два различни играчи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…