Фудбалерите на Манчестер Јунајтед дожвиеаа катастрофален пораз во неделаа на гости против Евертон (4:0) во натпреварот од 35. коло во англиската Премиер лига.
„Црвените ѓаволи“ подготвија непријатно изненадување за своите навивачи со очајна претстава на „Гудисон парк“, каде што примија дури четири гола. За Манчестер Јунајтед ова сигурно беше еден од најтешките порази во сезоната поради што заработија големи критики. Навивачите им свиреаа додека фудбалерите на Јунајтед излегуваа од теренот, а Оле Гунар Солскјер им се извини на оние кои пристигнаа на стадионот за да го бодрат својот клуб.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Уште утре Манчестер Јунајтед го очекува градското дерби против Манчестер Сити кој би можело да го реши името шампион на Англија. Јасно е дека Јунајтед не го дочекува натпреварот во најдобра атмосфера по катастрофата на „Гудисон Парк“. Пред овој натпревар зборуваше и Пол Погба кој ги критикуваше своите согирачи поради премногу опуштениот пристап во минатиот натпревар. Исто така, откри што се случувало во соблекувалната по натпреварот.
„Му дозволивме на тренерот да зборува, како и неговите помошници. Тие ни рекоја вистината. Игравме како да не го почитуваме грбот кој го носевме и тоа беше болна вистина за сите нас. Атмосферата беше мирна, бидејќи на сите нас ни беше срам“, изјави Погба.