Дома Трансфер зона Погба може да си оди, Јунајтед најде замена

Погба може да си оди, Јунајтед најде замена

Се поизвесно е дека Пол Погба на крајот на сезоната ќе го напушти Манчестер Јунајтед, а медиумите на Островот тврдат дека „црвените ѓаволи“ веќе нашле замена.

Французинот влезе во последната година од договорот и засега одбива да ја продолжи соработката, а Јунајтед нема намера да го убедува, па веќе почна да бара замена.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Според англиските медиуми, прва желба е Јури Тиелеманс од Лестер. 24-годишниот белгиски репрезентативец ја игра четвртата сезона во Лестер и е еден од клучните фудбалери во тимот.

Тиелеманс има договор на уште две години со „лисиците“, но е спремен за чекор напред во кариерата, па Јунајтед стапил во контакт со неговиот агент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…