Иднината на Погба во Манчестер Јунајтед е нејасна бидејќи Французинот влезе во последната година од договорот и засега одбива да ја продолжи соработката.
„Црвените ѓаволи“ ќе направат се за да го задржат Погба на „Олд Трафорд“, но информациите се дека тој одлучил следното лето да ја промени средината како слободен агент.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Раководството веќе почна да бара замена за Французинот, а прва желба е Јури Тиелеманс од Лестер.
24-годишниот белгиски репрезентативец ја игра четвртата сезона во Лестер и е еден од клучните фудбалери во тимот.
Тиелеманс има договор на уште две години со „лисиците“, но е спремен за чекор напред во кариерата, па Јунајтед стапил во контакт со неговиот агент.