Дома Трансфер зона Погба избира помеѓу два клуба

Погба избира помеѓу два клуба

Пол Погба ќе го напушти Манчестер Јунајтед на лето. Ова стана јасно по неодамнешната изјава на Мино Раиола кога тој остро го критикуваше клубот од „Олд Трафорд“.

На Пол Погба во Јунајтед не му оди според планираното. Никогаш не успеа да стане лидер на тимот, а честите проблеми со повредата, особено оваа сезона, дополнително го ослабнаа, па неговиот квалитет е доведен во прашање.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Според извештаите на медиумите од Шпанија францускиот играч изборот за нареден клуб го намали на две опции. Ќе бира помеѓу заминување на Пиринеите или враќање на Апенините.

Имено, Погба во иднина се гледа во два клуба, а тоа се Реал Мадрид и Јувентус. Зинедин Зидан на клупата на Кралевите го чека со раширени раце, додека во редовите на Бјанконерите го играше својот најдобар фудбал.

Овој 26-годишен играч во досегашниот дел од сезоната запиша само осум натпревари, а поголемиот дел од сезоната го пропушти поради повреда на зглобот. Договорот со „Црвените ѓаволи“ му истекува летото 2021. година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Флик по триумфот од 7-2: Можеме уште подобро!

Тренерот на Барселона, Ханси Флик немаше што друго да каже и не можеше освен да ја честита…