Реал Мадрид конечно може да го донесе Пол Погба следното лето и тоа за многу помала сума, пренесува „АС“.
Според весникот „црвените ѓаволи“ донеле конечна одлука да го продадат Французинот на крајот на сезона и за неговата слобода бараат 50 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Јунајтед веќе ја активираше клаузулата за продолжување на договорот на Погба за додатни 12 месеци, па сега неговиот договор истекува во јуни 2022 година.
Погба и оваа сезона игра под сите очекувања и не може да се наметне како лидер на тимот, па раководството смета дека е вистинско време за негова продажба.
Реал веќе подолго време го сака Погба, но пред една година Манчестер Јунајтед за неговиот потпис бараше 150 милиони евра, сума која никој клуб не беше спремен да ја плати.
На лето Погба ќе влезе во последната година од договорот, па „црвените ѓаволи“ се спремни да го пуштат за 50 милиони евра, сума која Реал е спремен да ја плати.