Дома Топ вести Повторно почна: Барса спреми понуда за Кутињо, Ливерпул демантира

Повторно почна: Барса спреми понуда за Кутињо, Ливерпул демантира

Веднаш откако беше официјално отворен зимскиот трансфер пазар главна тема во сите медиуми е интересот на Барселона за ѕвездата на Ливерпул, Филипе Кутињо.

„Мундо Депортиво“, весник кој е близок до Барселона, пренесува дека Каталонците веќе спремиле понуда и во наредните денови ќе ја испратат до Ливерпул.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Станува збор за понуда од 110 милиони евра, плус 40 милиони евра како бонус, што се претпоставува дека ќе биде доволно „црвените“ да го пуштат Бразилецот.

Извори блиски до Барселона сметаат дека зделката може да биде финализирана на почетокот на следната недела. Иако сумата е приближна на онаа која Барселона ја нудеше во текот на летото, сепак Каталонскиот весник е убеден дека трансферот ќе се реализира.

Во меѓувреме од Ливерпул официнално дематираа дека пристигнала понуда од Барселона за Филипе Кутињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…