Дома Фудбал Останато Повторно полемики: Марсеј во финале после судиска грешка (видео)

Повторно полемики: Марсеј во финале после судиска грешка (видео)

Судиите со своите грешки беа главни протагонисти во скоро сите полуфинални дуели во Европа, па така и синоќа на мечот Салзбург – Марсеј.

Французите се пласираа во финалето во Лига Европа дури после продолженија, бидејќи во регуларниот дел беше 2:0, исто како и во Марсеј.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Голот во 116-та минута го постигна Роландо од корнер, кој практично не требаше да биде досуден.

Главниот судија Карашов и неговите асистенти не забележаа дека после ударот на Ангуиса топката удри во играч на Марсеј па заврши во гол аут.

Меѓутоа, Салзбург нема право да протестира бидејќи во регуларниот дел судиите направија уште една голема грешка кога не досудија пенал за Марсеј, откако при резултат 2:0 еден играч на домашните играше со рака во казнетиот простор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…