Дома Фудбал Англија Повторно критики за Погба: Ако сакаш да бидеш голем играч користи го мозокот

Повторно критики за Погба: Ако сакаш да бидеш голем играч користи го мозокот

pogba

Продолжуваат критиките на сметка на францускиот играч за врска на Манчестер Јунајтед, Пол Погба.

Поминаа две години откако Пол Погба од Манчестер Јунајтед се пресели во Јувентус, но Французинот никако не успева во целост да ги оправда очекувањата.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Новинарите во англиските медиуми констатно му повторуваат дека не допринесува за клубот како што треба тоа да го прави играч кој е платен 105 милиони евра. Не изостануваат ниту критиките од поранешните асови на клубот, сега на ред дојде Пол Сколс.

„Погба е тип на фудбалер кој е добар на секој трет или четврти натпревар. Во едно коло може да блеска, а веќе во следното да го нема никаде. Потребно е да биде константен. Она што досега го покажа не е доволно доколку сака да освојува титули на клупско ниво“, смета поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед.

Сепак, Сколс дел од вината што Погба не го покажува комплетниот потенцијал префрли и на Мурињо.

„Изгледа како Погба да нема јасна улога во екипата. Нема сомнеж дека тој е квалитетен фудбалер, не убеди во текот на Мундијалот, но мора да израсне во командант, како што беше во Јувентус. Во Торино секогаш знаеше каде игра и со кого игра“.

На крајот Сколс испрати совет до Погба, повеќе да го користи мозокот.

„Тој е силен, може многу да трча, поседува одлична техника, спремен е физички, но ако сака да биде голем фудбалер мора повеќе да го користи својот мозок“, смета Сколс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Маскерано ќе биде нов тренер на Меси и Интер Мајами

Првата клупска тренерска работа на Хавиер Маскерано ќе биде да го тренира еден од најдобри…