Рома повторно покажа интерес и испрати понуда до Сасуоло за напаѓачот Грегоар Дефрел, кој е поврзуван и со Лестер Сити.
Од Рим стигна понуда „тешка“ 15 милиони евра, но таа не е доволна за челниците на Сасуоло. 20-годишниот Дефрел може да исполни различни задачи во нападот и неговите квалитети му се добро познати на тренерот Еузебио Ди Франческо, кој токму од Сасуоло стигна во Рома ова лето.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Како што пренесува Sky Sport Italia, Рома понуди 15 милиони, но од спротивниот табот очекуваат заработка помеѓу 25 и 30 милиони евра.
Дефрел сака да остане во Серија А, но доби и понуда од Премиер лигата, поточно од Лестер Сити. „Лисиците“ понудија 18 милиони евра и бонуси за напаѓачот кој на 38 одиграни натпревари минатата сезона постигна 16 гола и направи пет асистенции.