Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Повредата е сериозна, Верати го пропушта ЕП

Повредата е сериозна, Верати го пропушта ЕП

Ѕвездата на ПСЖ, Марко Верати се повреди на тренинг, а прегледите покажале дека станува збор за истегнување на лигамент во коленото.

Денешните детални прегледи покажаа дека Верати ќе биде надвор од терените 4 до 6 недели, а тоа значи дека ќе го пропушти Европското првенство.

Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


Верати повредата ја заработил на тренинг минатата неделаи поради тоа го пропушти мечот со Рен во неделата кој заврши со резултат 1-1.

Ова ќе биде голем удар за италијанската репрезентација, бидејќи Верати е еден од најважните играчи во тимот на Манчини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Серија А 2025/26 – Кој ќе ја освои титулата?

Како што се приближува почетокот на Серија А 2025/26, љубителите на фудбалот очекуваат ушт…