Дома Останати Поволен ждреб за Ѓоковиќ на УС Опен

Поволен ждреб за Ѓоковиќ на УС Опен

Организаторите на УС Опен го објавија ждребот за последниот гренслем турнир во сезоната.

Српскиот тенисер и бранител на титулата, Новак Ѓоковиќ, е поставен како втор носител и во првото коло ќе игра против квалификант.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Првиот носител на турнирот, Јаник Синер е на страната заедно со третиот Карлос Алкараз, а таму се и Данил Медведев и Стефанос Циципас.

Од страната на Новак Ѓоковиќ е Александар Зверев, како и тенисери како Каспер Руд и Холгар Руне.

Во второто коло, Ѓоковиќ го очекува победникот од натпреварот меѓу Ласло Ѓере и Ленард Штруф.

Во третото коло, негов потенцијален противник би можел да биде освојувачот на Мастерсот во Монтреал, Алексеј Попирин, а во осминафиналето Бен Шелтон или Франсис Тијафо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Ѓоковиќ со нов удар за Вучиќ: Србија е на раб на граѓанска војна

Новак Ѓоковиќ отворено зборуваше за преселувањето на АТП турнирот од Белград во Атина, но …