Фудбалската федерација на Македонија го информира фудбалското семејство во нашата држава дека одделот во ФФМ задолжен за распределба на билети за натпреварите на македонската репрезентација за Европското првенство преку електронска форма има добиено вкупно 10.395 барања за купување на влезници за натпреварите на Македонија од групната фаза за ЕУРО 2020.
Бројката на пристигнати апликации е примена до 25. мај 2021 година.
Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓
Изразуваме почит и благодарност до секој поединец со искрена намера да ја бодри нашата репрезентација на ЕП, но истовремено мораме одново да пратиме важна напомена дека во услови на здравствени ограничувања, обврска за почитување на протоколите на УЕФА, строго лимитираната квота на билети која ни беше ставена на располагање од УЕФА, можноста да им овозможиме купување на влезници на сите наши фанови практично беше невозможна.
Имајќи го во предвид бројот на билети кои ги имаше на располагање, ФФМ можеше да задоволи помалку од десет проценти од лицата кои аплицираа за билети за ЕП.
Согласно одлуката на Управниот одбор на ФФМ, приоритет за купување на влезници да добијат здравствените работници, „Куќата на фудбалот“ информира дека од вкупниот број билети со кои располагаше Фудбалската федерација на Македонија, приоритет беше даден и најголем процент за купување на билети добија здравствените работници и навивачите на македонската репрезентација.