Дома Фудбал Англија Повеќе нема каде: Уште еден важен кам бек во Премиер лигата

Повеќе нема каде: Уште еден важен кам бек во Премиер лигата

По Филипе Кутињо и Рос Баркли, на кои од различни причини им пропаднаа трансферите во Барселона, односно Челзи, во редовите на својот тим се врати и Вирџил Ван Дајк.

Тој речиси цело лето тренраше со кадетите, значи ниту со резервниот тим, а од денес повторно е на тренинг кај тренерот Пелегрини.

Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


На Ван Дајк му пропадна трансферот во Ливерпул, иако испрати јавно писмо до клубот да го пушти да замине во случај на добра понуда, а такви имаше многу.

Меѓутоа, Саутемптон бараше преку 70 милиони евра, подоцна не сакаше да го пушти во Ливерпул каде беше најпосакуван.

Ван Дајк сега покрај Кутињо и Баркли ќе мора да се мотивира и да продолжи да се однесува како вистински професионалец.

За разлика од нив, Диего Коста се врати во Лондон, но веројатно нема да тренира ниту со Челзи до јануари, кога се очекува да премине во Атлетико Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Кевин Де Брујне се приклучува на новиот шампион на Италија ?

Според италијанските медиуми, Наполи го финализирал договорот и планира да го донесе 33-го…