Дома Фудбал Италија Повеќе нема дилеми: Марота од јануари во Интер!

Повеќе нема дилеми: Марота од јануари во Интер!

Долгогодишниот генерален директор на Јувентус, Бепе Марота вчера и официјално ќе го напушти клубот од Торино, а веќе е познато каде ќе ја продолжи кариерата.

Италијанските медиуми пишуваат дека Марота ги договорил сите детали со Интер и од почетокот на наредната година тој ќе биде задолжен за трансфер политиката во најголемиот ривал на „старата дама“.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Инаку Марота, кој е еден од најзаслужните луѓе за доминацијата на Јувентус во италијанскиот фудбал, го напушта клубот по осум години, бидејќи му истече договорот, а челниците не му понудија да ја продолжи соработката.

Неговото име се поврзуваше со позицијата претседател на Фудбалскиот сојуз на Италија, понуда која реши да ја одбие бидејќи се договорил со Интер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Лампард направи хаос, фудбалери го бркаа на теренот (Видео)

Легендарниот англиски фудбалер денес тренер, Френк Лампард предизвика вистинска бура по не…