Дома Топ вести Побуна во Реал: Бејл, Модриќ и Крос го условуваат Зидан да не го игра Роналдо

Побуна во Реал: Бејл, Модриќ и Крос го условуваат Зидан да не го игра Роналдо

Иако ремито на Реал против Атлетико (1:1) не му наштети на кралскиот клуб, бидејќи истата вечер Барса потфрли кај Малага на гости, шпанските медиуми денес пренесуваат информација дека во соблекувалната на Реал дошло до побуна.

Во очи на дербито, Лука Модриќ, Герет Бејл и Тони Крос барале од тренерот Зидан да не го вбројува во екипата Кристијано Роналдо, пренсува Дон Балон.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Триото сметало дека тој не е во задоволителна форма, но францускиот експерт не ги послуша за тоа.

Португалецот не одигра натпревар за паметење, па ова секако не се добри вести за навивачите на Реал, бидејќи нивниот клуб влегува во најважниот дел од сезоната, а споменатите немири и тоа како можат да се одразат на резултатите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Бернардо Силва има рок да каже „ДА“ на Јувентус, неговиот сонародник му предлага други опции

Триесет и едногодишниот португалски играч за врска Бернардо Силва полека го завршува својо…