Македонската тенисерка Лина Ѓорческа со победа го почна настапот на фјучрс турнирот во Виена што се игра за награден фонд од 60.000 долари. Таа во првото коло ја совлада домашната тенисерка Алина Михалич со 2-0 во сетови (62 62), која на турнирот настапуваше со вајлд карта.
Ѓорческа во првиот сет по водството на противничката од 1:0 направи серија од пет гема и оствари водство од 5:1, за сетот да го добие со 6:2. Во следниот сет текот беше сосема поинаков.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На почетокот беше 2:2, со по еден брејк за двете тенисерки, за потоа Ѓорческа да направи серија од четири гема и сетот да го заврши со идентични 6:2 како во првиот сет.
Во следното коло Ѓорческа ќе игра со победничката од мечот меѓу Арабела Колер (Австрија) и Леире Ромеро Гормаз (Шпанија).