Дома Останати Кошарка НБА Победи на Денвер и Далас, одлични Јокиќ и Дончиќ 🎥

Победи на Денвер и Далас, одлични Јокиќ и Дончиќ 🎥

Денвер нагетс стигнаа до победа против Њу Орлеанс а големи заслуги за победата на Денвер имаше Никола Јокиќ.

Со победата Денвер успеа да дојде до 12 победи, а има исто толку порази. Јокиќ го оствари 61. трипл-дабл во кариерата. Мечот српскиот центар го заврши со 39 поени, 11 скока и 11 асистенции. Во редовит Њу Орлеанс најдобар беше Јонас Валанчиунас со дабл-дабл од 27 поени и 11 скока.


Неубедливата Англија против Словачка, Шпанија против големата сензација! ↓↓↓


Далас против Мемфис ја прекина серијата од три порази во низа и славеше против Мемфис со 104:96. Дончиќ кој претходно добиваше критии за својата тежина возврати со одличен настап во кој постигна 26 поени и додаде уште осум скока и седум асистенции. Џексон беше најпрецизен кај домаќинот со 26 поени.

НБА РЕЗУЛТАТИ: Кливленд – Чикаго 115-92, Детроит – Вашингтон 116-119 (п), Индијана – Њујорк 122-102, Мајами – Милвоки Бакс 113-104, Торонто – Оклахома 109-110, Хјустон – Бруклин 114-104, Минесота – Јута 104-136, Њу Орлеанс – Денвер 114-120 (п), Голден Стејт – Портланд 104-94, Сакраменто – Орландо 142-130, ЛА Клиперс – Бостон 114-111, Мемфис – Далас 96-104, Шарлот – Филаделфија 106-110.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Грузија поведе, но потоа Шпанија покажа класа🎥

Репрезентацијата на Шпанија според очекувањата ја победи Грузија со 4:1 и се пласира во че…