Дома Фудбал Англија Победен и Лестер, „четири од четири“ за Ливерпул, „дамка“ остави киксот на Бекер (видео)

Победен и Лестер, „четири од четири“ за Ливерпул, „дамка“ остави киксот на Бекер (видео)

Денес од 13:30 часот Ливерпул го одигра натпреварот од четвртото коло во англиската Премиер лига, против тимот на Лестер.

„Црвените“ на оваа средба успеаа да стигнат до победа од 1:2.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Ливерпул започна офанзивно и веќе во петата минута, Салах пропушти 100% шанса да постигне погодок. Салах не погоди, но погодокот стигна само пет минути подоцна кога прецизен беше Садио Мане.

Избраниците на Клоп продолжија со добрата игра, а нов погодок видовме во 40-та минута. Џејмс Милнер изведе корнер од десната страна, а осамен во петерецот остана Фирмино кој ја смести топката во мрежата на домаќините за предност од 0:2.

Во вториот дел Лестер започна да игра нешто подбро.

Иако Лестер играше добро, голот дојде после една катастрофална грешка на голманот Алисон Бекер, грешката на Бразилецот ја казни Чезал за конечни 1:2.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Донарума од Париз сака само во еден од овие два клуба!

Џанлуиџи Донарума би можел да го напушти ПСЖ летово!  Италијанецот влегува во последната г…