Прилепска Победа го приреди најголемото изненадување откако ја победи Шкендија во Тетово, а Вардар со победата над Силекс стигна до врвот.
Актуелниот шампион добро го отвори мечот и создаде неколку шанси во првото полувреме, но Тофиловски беше несовладлив на голот на прилепчани.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Казната за промашените шанси стигна во 61-та минута, кога Американецот Набуезе му донесе водство на гостите, а Танушев по одлична соло-акција ги постави конечните 0-2.
Вардар го освои врвот по повеќе од една година, откако денеска со мајсторскиот гол на Виктор Јуфо на 20 минути пред крајот стигна до трета победа во низа.
Академија Пандев загуби од Ренова со 0-2 и го препушти лидерското место на Вардар, а Брегалница со 1-0 со голот на Зоран Балдовалиев го победи Шкупи.