Вардар и победа го играа дербито во Купот на Македонија, а натпреварот донесе големи возбудувања и се решаваше на пенали.
Навивачите на Победа и овој пат приредија фантастична атмосфера која што доликува на едно од најголемите македонски дербија. Во првото полувреме погодоци не видовме.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
До водство стигна Вардар во 53. минута кога Блажевски постигна фантастичен гол од слободен удар. Предноста на Вардар беше актуелна се до самиот финиш од натпреварот.
Кога можеби домаќините беа помирени со поразот Победа стигна до гол во 94. минута. Според правилата во оваа фаза од купот немаше продолженија и веднаш се пристапи кон изведувањето на пенали.
Гледавме драматична пенал серија од која на крајот како победник излезе Вардар со вкупни 5:6.