Денес се играа натпревари од 17. коло во македонската Прва лига.
Лидерот на табелата Струга Триум тешко дојде до триумф против Академија Пандев со 1:0. Натпреварот беше одлучен со голот на дефанзивецот Дарко Илиески.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Шкупи иако прво имаше негатива со голот на Херера во 24. минута славеше со Брегалница со 3:1. До крајот полувремето чаирчани изедначија со прекрасниот гол на Фреди Алварез, за во второто полувреме Трапановски и Ѓорѓиев да ја крунисаат иницијативата. Ќе потсетиме Шкупи и овој натпревар поради суспензијата како домаќин го игра во Кичево каде што ќе треба да одигра уште четири домашни натпревари.
Тиквеш и Силекс се сретнаа во дуел на четвртиот и петтиот тим на табелата. На крајот гостите од Кратово се радуваа во Кавадарци. Двата гола Силекс ги постигна во последните 20-тина минути од средбата преку Обрадовиќ и Ристовски.
Шкендија предводена од одличниот Дориев со три бода си заминува од Ѓорче каде што славеше со 1:3. Дориев постигна два гола, еден беше дело на Хасани. Почесниот гол за „лавовите“ го постигна Скендери.
Последниот и претпоследниот тим на табелата Скопје и Победа ремизираа 0:0.