Дома Македонски спорт Мак фудбал ПМФЛ: Шкендија го искористи киксот на Вардар, Ренова славеше во Чаир

ПМФЛ: Шкендија го искористи киксот на Вардар, Ренова славеше во Чаир

Денес во македонското фудбалско првенство се одиграа три натпревари.

Шкендија на домашен терен славеше против Македонија Ѓорче Петров и така после вчерашниот кикс на Вардар против Работнички ја намали предност на тимот на Васоски. Тетовци денес победија со убедливи 4:1.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Головите за Шкендија ги постигнаа Имери (два), Незири и Зејнулаи  додека почесниот гол за гостите беше дело на Јашаровски.

Шкупи дома во Чаир претрпе пораз од Ренова со 2:3. Домаќините дојдоа до водство со голот на Сержињо, а Ренова набрзина во две минути во динишот на првиот направи пресврт и поведе со 1:2.

Во второто полувреме Глиши и Бианор од Шкупи беа исклучени, видовме и по еден гол на двете страни. Стрелаа Кадриу и Сержињо.

Академија Пандев и Борец ги поделиј бодовите одигрувајќи 0:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…