Работнички и Ренова денес го отвараат 16. коло во ПМФЛ.
Ниту тренерската смена во Работнички не помогна да се подобрат резултатите барем засега. Со три порази во низа Работнички ќе играат против Ренова и посакуваат излез од црната серија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На кормилото на „романтичарите“ на местото на Александар Влахо дојде Борче Христов. Со него на клупата запишаа порази од Струга и Тиквеш со (0:1). Пред тој да дојде Академија Пандев ги победи со 3:0. Она што секако ги загрижува во Работнички е тоа што веќе 300 минути се без постигнат гол. Димитар Тодоровски во победата против Борец (1:0) е последниот нивни стрелец.
Во првиот круг Ренова беше едно од пријатните изненадувања во ПМФЛ. Сепак во вториот дел од сезоната за тимот на Ќатип Османи дојдоа поразите од ривалите за горните позиции (Академија Пандев, Шкупи, Шкендија). Ренова во последните пет кола има само една победа. Таквите резултати придонесоа Ренова да падне од втората на четвртата позиција.
Фото: ФК Работнички