Денес со почеток од 13:00 часот се одиграа натпреварите од 18 коло во македонската прва фудбалската лига.
Актуелниот шампион Вардар се изгледа дека полека ја губи трката за титулата со тетовска Шкендија. Натпреварот помеѓу Шкупи и Вардар беше го доби епитетот дерби на колото иако големо внимание привлекуваше и натпреварот помеѓу Шкендија и Пелистер.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Вардарци денес беа поразени од 2:0. Стрелци на двата прекркасни погодоци беа Јашаровски и Кристијан Стојкоски. После ова коло тимот на Шкендија создаде предност од 14 бодови, но црвено-црние имаат и два натпревари помалку.
Шкендија го искористи киксот на Вардар и беше убедлива против Пелистер. Како и натпреварот помеѓу Шкупи и Вардар и тука првото полувреме заврши без погодоци.
На отварањето на вториот дел Бесарт Ибраими погоди за 1:0, во 68 минута Хасани зголеми на 2:0, шест минути подоцна исклучување во тимот на Пелистер заработи Пеев. Конечните 3:0 ги постави Зејнуаи во финишот од средбата.
На останатите три средби Работнички со 3:0 го совлада Скопје, Силекс минимално со 0:1 славеше на гостувањето кај Академија Пандев, додека Победа и Ренова одиграа реми 1:1.