Maкедонија Ѓорче дојде до нови три бода во пролетниот дел од шампионатот победувајќи со 2:1 против Работнички во првиот натпревар од 25-тото коло во Првата македонска фудбалска лига.
„Лавовите“ до водство дојдоа во 24-тата минуга кога Самаке нафрли од слободен удар, а топката во мрежата ја смести дефанзивецот Есмин Личина.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Само две минути подоцна Атхе Мазар постигна убав гол со шут од 25 метри за заслужена победа на Работнички.
Победата за Македонија Ѓорче Петров ја донесе Филип Алексовски кој го совлада својот брат на голот на Работнички, Игор Алексовски и ги постави конечните 2:1.
Останатите средби од ова коло се играат утре во истиот термин од 15:00 часот:
Брегалница – Тиквеш
Шкупи – Скопје
Струга Трим Лум – Академија Пандев
Шкендија – Победа