Денес од 13:30 часот се одиграа натпревари од 11. коло во македонската прва лига.
Во тетовското дерби Шкендија лесно се справи со Ренова победувајќи со 1:3. Уште на стартот од мечот Шкендија поведе со 0:1, а многу брзо создаде шанса и за втор гол сепак чуварот на мрежата на Ренова одлично реагираше. Меѓутоа до крајот на првиот Шкендија постигна втор гол и со 0:2 замина на полувреме. Во вториот дел видовме уште по еден гол на двете страни за конечни 1:3.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Вардар во Струга гостуваше без Александар Васоски кој поради смртта на неговиот татко остана во Скопје. Струга Трим Лум беше блиску до победа водеше со 2:0, но Вардар успеа да израмни. Првиот гол за изедначување го постигна Мицевски од пенал, а вториот беше дело на Блажевси во 97. минута.
Работнички и Шкупи на националната Арена одиграа реми 2:2. Двата тима постигнаа по еден гол во првото и второто полувреме.
Во струмичкото дерби Беласица славеше победа со Академија Пандев од 1:2. Борец дома забележа сигурна победа од 3:0 против Пелистер.