Денес во македонската прва лига се играа натпревари од 24. коло.
Натпреварот кој најмногу привлекуваше внимание го играа Вардар и Шкендија. Поради ситуацијата во која е Вардар овој дуел не е дерби како пред неколку години.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Беше изненадување кога Вардар преку Мирчевски дојде до предност, меѓутоа Шкендија потоа ја превзема контролата и постигна шест гола за убедлива победа. Головите ги постигнаа Рамадани, Дориев, Елези, Хебај и два пати стрелаше Ибраими.
Во останатите натпревари Шкупи го победи Силекс со 1:3, Беласица и Работнички ремизираа 1:1, Академија Пандев дојде до минимален триумф против Струга Трим Лум, додека Македонија Ѓорче Петров против Ренова со гол во финишот триумфираше 1:2.
Фото: Шкендија