Дома Македонски спорт Мак фудбал ПМФЛ: Брера го победи Вардар во Скопје, Работнички ремизираше во Кратово

ПМФЛ: Брера го победи Вардар во Скопје, Работнички ремизираше во Кратово

Денеска на македонските фудбалски терени се играа натпревари од 12. коло во ПМФЛ.

Во нив се сретнаа и екипите на Вардар и Брера кој беше од исклучителна важност за „црвено-црните“ кои на крајот го загубија натпреварот и сега се последен тим на табелата со ист број на бодови (8) со тимот на Тиквеш.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Брера на Арената во Скопје во еден натпревар во кој и Вардар имаше свои шанси успеа да слави победа од 1:0. Најголемата прилика за Вардар ја пропушти Горан Закариќ кога со глава шутраше од петерецот, но Купанов со еден од најдобрите интервенции сезонава успеа да го спаси својот гол.

Моментот на одлука се случи во 19. минута кога по едно истрчување на Гачевски Ивковиќ успеа да ја погоди мрежата за гол со кој донесе важни три бода.

Лидерот Работнички не успеа да слави во Кратово каде што одигра 1:1 со Силекс, па така Шкендија која ја оправда фаворитската улога против Беса славејќи победа од 2:1 дојде на само еден бод од врвот.

Во останатите натпревари Воска го изненади Шкупи и победи со 3:1, Струга во финишот го скрши Тиквеш со триумф од 0:-1, додека Гостивар и Пелистер одиграа без погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Македонските ракометарки поразени од Хрватска

Женската ракометна репрезентација загуби од Хрватска со 18-26 во рамки на турнирот „Кроаци…