Дома Македонски спорт Пливачите на „Бета“ настапија во три држави и се вратија со одлични резултати

Пливачите на „Бета“ настапија во три држави и се вратија со одлични резултати

Пливачи од клубот Бета викендот имаа настап во три држави, Франција, Бугарија и Србија.

Флоренс Герет настапи на Европското првенство за лица со Даунов синдром во Париз, Франција каде стана еврпоски шампион, односно освои златен медал во дисциплината 50 метри грбно, сребрен медал во дисциплината 100 метри грбно и бронзен медал во штафета каде ја претставуваше нејзината земја Велика Британија.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Пливачите кои настапија на меѓународен натпревар во бугарскиот главен град Софија, освоија 6 златни медали и еден бронзен и тоа Јован Јанковски кој освои еден златен и еден бронзен медал, Ива Китановиќ еден златен медал каде постави и нов рекорд во дисциплината 50 метри грбно со време 38,60 секунди, Миа Блажевска Еминова 4 златни медали каде постави нов рекорд во дисциплината 50 метри слободно со време 28,53 секунди, и освои пехар за најдобар пливач во нејзината категорија.

Пливачите на Бета учествуваа и на натпревар во Зрењанин, Србија каде успеаа да се изборат за финалиња.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

„Пандев, Лазаров и Иџе повеќе нема да рекламираат спортски обложувалници“

Минестерот за спорт, Борко Ристовски денеска одржа прес-конференција на која зборуваше што…