Tрој Дини со голот од пенал во судиското продолжение му донесе на Вотфорд продолженија во натпреварот против Вулверхемптон, а после продолженијата овој тим дојде до победа и пласман во финалето.
Посебно емотивно оваа голема победа на Вотфорд и добивањето место во финалето ја доживеа Дини. Овој фудбалер е апсолутна легенда на клубот, а сега ќе има прилика да се бори за неговиот прв трофеј во кариерата.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Дини во редовите на Вотфорд игра веќе девет години пристигна од Валсал во 2010 година. После натпреварот напаѓачот на Вотфорд го совладаа емоциите.
„Поминав долг пат. Луѓето зборуваат за мојот престој во затворот, но претходно поминав тежок пат за да станам фудбалер. Затоа бев така емотивен на крајот. Едвај се воздржав да не заплачам“.
„Пред 12 години плаќав 10 фунти неделно за да играм фудбал, а сега сум во финалето на ФА Купот. Жестоко момче сум, тоа сите го знаат, но вакви натпревари емоциите е невозможно да ги задржите“.
На клубот кој сега е во финалето некогаш му се закануваше банкрот, Дини зборуваше малку и на таа тема.
„Ова е наш момент. На луѓето кои како мене беа во клубот во тешките моменти кога му се закануваше банкрот. Затоа никој не може во овој момент да ни каже како треба да се чуствуваме“, изјави Дини.
Инаку, тој во 2012 година мораше да одлежи три месеци затворска казна поради учество во тепачка и нанесување на тешки телесни повреди.
https://www.youtube.com/watch?v=CAXDLIkT9D8