Дома Трансфер зона Планот на Рагник: 20 свои луѓе во клубот, подмладување и реконструкција за 140 милиони евра

Планот на Рагник: 20 свои луѓе во клубот, подмладување и реконструкција за 140 милиони евра

Ралф Рагник е на чекор од превземање на Милан и изгледа дека во наредните денови се ќе биде завршено.

Рагник и Милан ја договраа соработката уште пред пандемијата на коронавирусот, а германски „Билд“ објави дека германскиот стратег веќе некое време учи италијански и е спремен да го врати Милан во самиот врв на италијанскиот фудбал.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Тој од Милан побарал договор на пет години, но и големи овластувања. Наводно Рагник сака во клубот да доведе 20-тина свои луѓе и тоа доволно зборува колку сериозно го сфаќа целиот проект.

Кога во прашање се финансисиите, на Германецот ќе му требаат 75-80 милиони за трансфери и 140 милиони евра за реконструкција на клубот во целина. Што повеќе, Рагник сака да игра модерен фудбал и значително ќе го подмлади тимот. Според информациите тој има намера просечната возраст на тимот да ја намали на 22 години. Сегашниот тим на Милан има просек на години нешто над 26.

Со неговото доаѓање клубот сигурно ќе го напушти Малдини, а веројатно и Ибрахимовиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…