Реал Мадрид ја имаше најуспешната година во историјата, но тоа остана во сенка после дебаклот во „Ел Класико“ и големата предност која ја направи Барселона.
Поради тоа почна да опаѓа и довербата кон тренерот Зинедин Зидан. Францускиот стратег е обвинет за тоа што го остави Иско на клупата и дека многу касно го внесол во игра Герет Бејл.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поради тоа „Марка“ тврди дека Зизу веќе решил да направи промена. Бејл ќе биде сигурен стартер во продолжение на сезоната, со надежта дека тој ќе ја даде „искрата“ за подемот на „кралевите“.
Зидан во Бејл го гледа Иско од минатата сезона, кога шпанскиот репрезентативец имаше фантастична полусезона и беше еден од најзаслужните за успесите на Реал Мадрид.
Логично се поставува прашањето кој од сегашните стартери треба да му отстапи место на Бејл. Мнозинството на фанови на Реал го посочуваат Карим Бензема. Во анкетата на „Марка“ дури 83% тврдат дека Французинот треба да биде на клупата.
Останува да видиме дали Зидан ќе го прифати мислењето на оваа анкета, бидејќи силно му верува и на својот сонародник.