Дома Фудбал Италија Пирло со Киеза планира максимално офанзивен Јувентус

Пирло со Киеза планира максимално офанзивен Јувентус

Изгледа дека во Јувентус се заситиле од монотоно тактичко надмудрување и со Андреа Пирло се спремни да играат и тоа како офанзивно.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Кога екипата „брка“ резултатско заостанување нормално е на теренот да има поголем број офанзивци, но она што Пирло го замислил ретко се гледа во фудбалот.

Имено, некогаш одличниот фудбалер, а денес теренер на Јувентус размислува да игра со пет офанзивно ориентирани напаѓачи.

„Газета дело Спорт“ наведува дека со доведувањето на Киеза Пирло има намера да игра 3-4-1-2 формација со тоа што во напаѓачката линија би имал пет играчи.

Пирло истовремно планира да ги користи Киеза и Квардадо по станите, додека во средина во нападот би играле Роналдо, Дибала и Кулушевски.

Како ова ќе изгледа во пракса ќе видиме после репрезентативната пауза кога Јувентус ќе игра против Кротоне.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Клоп за Меси: Замислете сите да трчаат само осум километри

ЈУРГЕН КЛОП (59) во интервју за Sky Sport го коментираше Светското првенство, особено иста…