Дома Фудбал Италија Пирло призна: Многу е потешко да бидеш тренер отколку играч

Пирло призна: Многу е потешко да бидеш тренер отколку играч

Тренерот на Јувентус, Андреа Пирло, призна дека е многу потешко да бидеш тренер отколку фудбалер.

Тој за италијанските медиуми зборуваше за многу теми, па ја прокоментира и разликата помеѓу тренер и играч.

„Откако престанав да играм фудбал, почнав да ја учам тренерската работа. Сватив дека мојата љубов кон тоа почна да расте од ден во ден. Веднаш сватив дека она е тоа што сакам да го работам.“ – рече Пирло.

Тој призна дека е многу потешко да бидеш тренер отколку играч.

„Многу е потешко и носи повеќе стрес. На теренот носев одлуки што да работа со топката. Сега само можам да го водам натпреварот, но други луѓе одлучуваат што ќе се случи, така да е многу потешко за работа.“ – додаде Пирло.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Сите го очекуваа тоа: Компани откри што се случува со Мусиала

По загрижувачките сцени кои во последните денови го обиколија фудбалскиот свет, конечно од…