Андреа Пирло денес дебитираше на клупата на Јувентус со висока победа од 5:0 во пријателски меч против Новара.
После натпреварот тренерот на „старата дама“ потврди дека итно му е потребен нов напаѓач.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Да, ми треба нов напаѓач што е можно поскоро, но преодниот рок е долг и ќе се затвори на почетокот на октомври. Ќе има време да се работи во тој поглед. Се уште постои надеж следната недела да ги видиме навивачите барем на дел од стадионот. Ни требаат, но истото важи и за целиот италијански и европски фудбал. На Кристиано Роналдо му оди добро, тоа го покажа денес, како и со репрезентацијата. Тој се движи со леснотија и е подготвен да одигра силна сезона“, истакна Пирло.
„Пред нас е долга сезона и сега ќе имаме време и можност да работиме заедно. Пробуваме различни идеи. Во првото полувреме започнавме со одбрана од четири, која се претвори во три. Во второто полувреме останавме со три во одбрана и три во напад. Затоа, пробуваме повеќе решенија. Имаме уште една недела да се подготвиме за почетокот на сезоната. Знам дека од мене се бара да победувам, истото беше и кога бев играч“, заклучи Пирло.