Дома Фудбал Италија Пиоли потврди: Ибрахимовиќ нема да биде спремен за против Јувентус

Пиоли потврди: Ибрахимовиќ нема да биде спремен за против Јувентус

Стратегот на Милан, Стефано Пиоли на денешната прес-конференција потврди дека Златан Ибрахимовиќ нема да игра во утрешниот натпревар против Милан.

Швеѓанецот и понатаму се опоравува од повредата. Вчера тој објави видео од тренингот и се мислеше дека можеби сепак ќе биде спремен да игра во дербито. Сепак, Пиоли потврди дека Ибра нема да биде спремен.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


„Златан е се подобро, но за утрешниот натпревар нема да биде спремен“, изјави Пиоли.

Последниот натпревар Ибрахимовиќ го одигра на 22 ноември во победата од 3:1 против Наполи. Сезонава во Серија А одигра шест натпревари и постигна 10 гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Неодамна беше сопственик на гигант, сега банкротира

Основачот на Suning групацијата, Жанг Ѕиндунг, беше сопственик на Интер од 2018 до 2024 го…