Дома Фудбал Италија Пиоли за поништениот гол: Погледнете ја реакцијата на Хандановиќ…

Пиоли за поништениот гол: Погледнете ја реакцијата на Хандановиќ…

Стратегот на Милан, Стефано Пиоли смета дека резултатот од 3:0 не e реален, а лут е на поништениот гол во второто полувреме.

При водство на Интер од 2:0 Бенасер постигна гол кој можеби ќе го променеше текот на натпреварот, но тој гол се поништи поради офсајд од Калулу. Судиите го поништија голот затоа што сметаа дека Калулу го покрива видикот на Хандановиќ.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Сакавме да победиме, но не успеавме да го направиме тоа, игравме против квалитетен тим. Но прикажаната игра на теренот мислам дека не е реален одраз на резултат, но Интер ги постигна головите во вистински момент. Кога ќе примите три гола тоа значи дека противникот одиграл добро, а вие сте грешеле. Но, ние игравме добро и креиравме шанси, сепак не ни одеше во завршницата“.

„За поништениот гол можете да ја видите реакцијата на Хандановиќ, дури не се ни пожали. Има ли некој голман кој не би реагирал на примен гол ако некој играч му пречи во видикот, тој не направи ништо, се пожали само на игра со рака што ја немаше“, изјави Пиоли.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Модриќ откри без кој човек никогаш не би потпишал за Реал Мадрид

Лука Модриќ, еден од најдобрите средни играчи на светот, повторно привлекува внимание. Ова…