Дома Фудбал Италија Пиоли: Никој не верува дека Милан може во финале, но јас верувам

Пиоли: Никој не верува дека Милан може во финале, но јас верувам

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли верува дека неговиот тим може да ја надомести негативата и да се пласира во финалето од ЛШ.

Милан во првиот меч загуби од градскиот ривал Интер со 2:0, но Пиоли тврди дека „росонерите“ се уште не го кажале конечниот збор.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Не е лесно да се подготвиме за утрешниот дуел, но имаме важна цел, а тоа е да победиме и да се пласираме во финалето од Лигата на шампиони, со што ќе ги изненадиме сите. Сега како никогаш претходно, никој не верува дека Милан може да игра во финалето, но јас сум убеден дека можеме да одиграме одличен натпревар“, истакна Пиоли.

„Очите на фудбалерите ми покажуваат дека се подготвени за многу подобро издание. Сакаат да се претстават многу подобро од првиот натпревар и да победат на реваншот. Никој не веруваме дека можеме да стигнеме и до тука, па ние сме во полуфинале“, додаде тренерот на Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Вознемирувачко видео: Навивач на ПСВ остана без прсти откако му пукна бакља во раце 🎥

Тимот на ПСВ зад себе има фантастична сезона во која стигна до својата 25. титула во клупс…